Бишевац: Критиките на Вархеји кон ВМРО-ДПМНЕ не се својствени за дипломатијата

од Nikola Popovski
226 прегледи

За нас ситуацијата е малку поинаква, тоа не може да се скрие. За да дојде до Втора меѓувладина конференција и вистинскиот старт на преговори со ЕУ, треба да се смени Уставот. Тоа е предусловот без кон Македонија не може понатаму. Не сум од оние кои тврдат дека Македонија ги почнала преговорите. Некои процеси ќе се одвиваат паралелно, но вистинскиот почеток на преговорите е условен со барањето за промена на Уставот и внесување на бугарското малцинство во преамбулата, вели поранешниот пратеник и новинар Сафет Бишевац околу патот на Македонија во ЕУ.

За денешните директни пораки од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји упатени кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Бишевац вели дека „не се својствени за дипломатијата“.

-Тоа покажува за несигурноста во одлуките и начинот на кој се дојде до вакво квази-решение. Вистината е поинаква, ние се наоѓаме во ситуација во која само делумно може да се поистовети со тоа што се случи со Преспанскиот договор. Тогаш под силен меѓународен притисок и несфатлива леснотија, се одигра на картата на подаништво. Очигледно ЕУ за едни е мајка, а за други е маќеа. Да не заборавиме дека Македонија ги помина најтешките прашања и проблеми, рече Бишевац во емисијата „Само вистина“.

 

Слични содржини