„Овој процес е во фаза на сведоење, но клучните луѓе кои го организирале тоа, освен Мијалков се недостапни за правдата. груевски е во Унгарија, останатите двајца избегаа од државата. Не е постигната целта.“ , изјави новинарот Сафет Бишевац во денешното гостување во 24 анализа во врска во врска со денешното сведочење на новинарите.
Добро е што јавноста што сега се занимава со ВМРО-ДПМНЕ, смета Бишевац. Тој смета дека во ВМРО-ДПМНЕ има луѓе кои се различни од Мијалков и Груевски, во времето кога тој бил на нивната листа. Мијалков е клучната алка во овој процес која стоела зад организацијата со прислушувањето.
„Ако некогашниот непријател ви е сега сојузник, кого тоа треба да оправда? Имам став кон неговото владеење и и тоа што го прави денеска.“ рече Бишевац.
Според него, Мијалков сега е со власта со цел да се доуништи опозицијата во договор со владејачката гарнитура.