Синдикатите се здруженија за остварување на одредени права и интереси на луѓето кои се организираат во нив. Не гледам ништо спорно во протестите и мислам дека нивните барања се втемелени со право. На крајот на краиштата, полека, но сигурно оваа држава влегува во ситуација која наликува на социјализмот, каде што сите ќе заработуваме исто. Мислам дека времето кое го живееме бара подобри решенија кон работниците и нивните права, кон заштита на социјално загрозените и сето тоа е дел од синдикалната борба, вели поранешниот пратеник и новинар, Сафет Бишевац за емисијата „Само вистина“, говорејќи за најавените синдикални протести.
Бишевац вели дека „во една државна компанија на вработените не им биле исплатени три плати“.
-Ако државата не е способна да им плаќа на работниците во „Колска“, тогаш за што зборуваме? Време е за вакви протести и време е оваа држава да заврши политиките во овие 5 години, а тоа се „купи ден, продај, задолжи се, подмачкај за избори, замолчи итн“ и дека ѓаволот доаѓа по свое, кога тогаш, оценува Бишевац.