Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, коментирајќи го ставот од претставници од пекарската индустрија дека тие во голем дел зависеле од домашното производство и оти со растот на цената на струјата ќе се зголеми и цената на лебот, порача дека големите пекарски компании се законски обврзани да обезбедуваат електрична енергија на слободниот пазар и оти не смеат да бидат снабдувани од ЕВН Хоум.
-Големите пекарски компании во државата, кои обезбедуваат најголем дел, односно над 90 проценти од потребите за леб, мора да одат на слободен пазар на електрична енергија. Тие никогаш не биле снабдувани од универзалниот снабдувач, рече Бислимовски, на новинарско прашање на прес-конференцијата за 32. Генерално собрание на регулаторите за вода од Европската Унија – WAREG, што се одржува во Скопје.
-Големите пекарски компании во државата, кои обезбедуваат најголем дел, односно над 90 проценти од потребите за леб, мора да одат на слободен пазар на електрична енергија. Тие никогаш не бил
Со таквите лажни вести, као што рече, ќе се бори со факти и кажување на вистината.
-Тоа е тоа, мора постојано да се бориме со лажни вести, како и кога почна корона кризата и енергетската криза – дека ќе се зголемувале цените за 200, 300 проценти, дека ќе немаме струја, а ништо не испадна дека е точно. Повторно исти такви експерти почнуваат со лаги, но ние сме тука да се бориме. И тие имаат пристап до медиумите, треба да се покрие одреден прилог, на некој не му е срам да лаже, но тоа е тоа, со лажговци ќе се бориме со факти, рече Бислимовски.