Бислимовски: ДУП-то во Ѓорче Петров е на директна штета на граѓаните на Карпош

од Stefanija Kuzmanovska

Додека градоначалникот Стојковски на Општина Ѓорче Петров ја обезбедува Општината за една декада, ја уништува Општина Карпош доживотно, изјави денеска советникот во Советот на општина Карпош, Владимир Бислимовски.

Тој наведе дека со новиот „катастрофален и експресен ДУП“ на Општина Ѓорче Петров, се доведува во прашање здравјето на граѓаните на Општина Карпош, воедно и на Град Скопје со поставување на 3 Хемиски фабрики во непосредна близина на бунарското подрачје Лепенец.

„На товар на инфраструктурата на Општина Карпош се и новите 7.000 до 10.000 жители, односно дополнително оптеретување на сообраќајот како и водоводните и канализационите мрежи во Општината.

Советничката група на СДСМ во Општина Карпош најстрого го осудува носењето на овој ДУП и застанува на страна на граѓаните на општината, ќе ги употребиме сите правни основи за стопирање на истиот“, истакна Бислимовски.

Слични содржини