Бислимовски: Очекуваме до 300 мегавати производство од обновлива енергија во 2023 година

од Radmila Tasevska
186 прегледи

Во 2022 година без издадени 226 лиценци за нови 150 мегавати од обновливи извори на енергија, а најмногу се фотоволтаиците, информира првиот човек на РЕК, Марко Бислимовски. Тој, за време на годишната конференција „Година на нови можности“ додаде дека за јануари веќе има 30 лиценци и над 150 барања во РЕК.

-Во 2023 година ќе отидеме на 200 до 300 мегавати само од обновливи извори иако има и други големи проекти за фотоволтаци кои ќе се приклучат на мрежата. Треба да се знае дека од аспект на одржување, тие знаат да направат проблем, бидејќи произведуваат кога има сонце и ветер, освен биогасните вентрали. Оваа енергија се продава на слободниот пазар и нашата мрежа ќе може да издржи одреден капацитет, тој не е неограничен. Но треба да има балансирање. Во моментов не се инвестира само во Макеоднија, туку и сите земји од регионот. Сите гледаат дека најбрза и наједноставна инвестиција се фотоволтаиците, рече Бислимовски.

Тој најави задолжителна набавка на батерии за инвеститорите.

-Батериите и покрај тоа што ќе бидат обврска, тие ќе им ги намалат трошоците за балансирање, ќе им помогнат да бидат поконкуренти на пазарот, додаде Бислимовски.

Слични содржини