Bitcoin „гравитира“ околу 50 илјади долари

од Vladimir Zorba
291 прегледи

Најпознатата и во исто време највредната криптовалута, Bitcoin (BTC) утрово се движи околу 50.000 долари. Според „КоинМаркетКап“, моменталната цена е 49,839.16 долари, додека пазарната вредност му е 936,767,096,623 долари.

Зголемувањето на вредноста на биткоинот директно придонесе со објавата на „PayPal“ дека ќе им овозможи на клиентите во Обединетото Кралство да купуваат, поседуваат и продаваат други видови криптовалути, меѓу кои, покрај биткоинот, се и Ethereum (ETH) и Litecoin (LTC).

Ова е првпат „PayPal“ да дозволи трансакции со криптовалути надвор од територијата на Соединетите држави.

По таа објава, ETH, исто така, ја зголеми пазарната вредност. Во моментов се тргува за 3,349.29 долари, што е плус 0.66% за последните 24 часа.

Последните месеци беа многу тешки за криптовалутите, објави Си -Ен -Ен.

BTC имаше рекордна вредност од 65.000 долари во април, но се намали на „само“ 28.000 долари во јуни, откако Кина објави дека нема да дозволи тргување со криптовалути.

По неколку недели стагнација, дојде до закрепнување кога „Amazon“ објави дека ангажира експерти за биткоини и криптовалути.

Претходно „Tesla“ и „Twitter“ објавија дека планираат да вклучат криптовалути во нивниот бизнис.

Слични содржини