Битиќи: Привлековме 560 милиони евра странски инвестиции без да потрошиме денар од парите на граѓаните

од Stefanija Kuzmanovska
160 прегледи

Започнавме да ги поддржуваме сите инвестиции, без разлика дали се странски или домашни, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи за време на годишната конференција„Година за нови можности“. Тој кажа дека Владата повеќе не е фокусирана само на еден од параметрите – односно растот на БДП, туку клучно е дали се поддржуваат компаниите и дали е бизнисот подготвен да одговори на предизвиците за добивање на посакуваниот раст.

-Минатата година имаме 560 милиони евра странски инвестиции и тоа што ме радува е дека за тоа потрошивме нула денари на нашите граѓани да ги промовираме странските компании да инвестираат во земјава, рече Битиќи.

Тој додаде дека Владата, во период на преструктуирање на економијата, го зема предвид рамномерниот регионален развој, а не на мерки кои го продлабоуваат јазот во регионите.

Слични содржини