Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за 24инфо кажа дека вработените во јавниот сектор веќе добиле покачување на платите според колективните договори за секоја гранка одделно.
-Со ова покачување на минималната плата ќе се зголемат платите на административците кои имаат засновано работен однос според Законот за Административни Службеници (ЗАС), додека сите останати кои се под државна капа имаат свои гранкови синдикати кои имаат склучено колективни договори и нивните плати и надоместоци се дефинирани во овие колективни договори, кажа Битиќи.
Според вицепремиерот, во врска со приватниот сектор очекува овој тренд на покачување на минималната плата да биде проследен со соодветно зголемување и на останатите плати, кое пак треба да биде проследено со соодветно зголемување на продуктивноста, ефективноста и ефикасноста.