Битиќи – Дамјановиќ: Јавните финансии во функција на граѓаните и развој

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со министерот за финансии на Црна Гора, Александар Дамјановиќ, кој беше придружуван од амбасадорката на Црна Гора во земјава, Марија Петровиќ, на средбата разговараа за повеќе теми поврзани со управувањето со јавните финансии во функција на поддршка на граѓаните и стопанството и целокупен развој на државите.

Вицепремиерот Битиќи и министерот Дамјановиќ разговараа и за политиките и мерките за привлекување и поддршка на нови инвестиции на компаниите, при што се согласија дека регионот на Западен Балкан има голема шанса во пост ковид периодот да биде препознаен како атрактивен регион за нови инвестиции на компании од регионот, но и од големите меѓународни корпорации, како поради близината до земјите од ЕУ, така и поради тековните процеси, со кои се подигнува конкурентноста на земјите во регионот и на целиот Западен Балкан.

Двајцата се согласија дека сите регионални иницијативи кои поттикнуваат соработка, вмрежување и развој на конкурентноста на земјите но и целиот регион се добредојдени, очекувајќи дека таквите иницијативи ќе бидат целосно инклузивни и компатибилни со патот кон интеграција со Европската Унија.

На средбата се констатираа одличните односи помеѓу двете земји и беше искажана недвосмислена определба за понатамошно продлабочување на соработката на сите нивоа.

Слични содржини