За првпат системски ги поставуваме работите за да се решат проблемите во инфраструктурата, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „24 анализа“.
-Жалам што некој што во минатото држел функции и не направил систем за непречено да течат инфраструктурните проблеми. Се надевам преку правосудниот систем ќе излезе зошто ништо не се правело. Клучниот одговор е „изборна година“, очигледно политичарите гледаат од избори до избори… односно што ќе направам сега за да ги добијам следните избори. Затоа не се направил систем. Претходната власт имаше направено паралелен систем и адресата не беше на Илинденска, рече Битиќи.
Прашан за автопатот Кичево-Охрид тој кажа дека на овој автопат имало 130 неодобрени инфраструктурни проекти.