Битиќи: БДП во втората половина од 2022. година ќе се врати во преткризна состојба

599 прегледи

Влада предвидува со стратегија за буџетот во 2021. година, да ја закрепне економијата и да предизвика побрз раст во периодот од 2021. до 2025. година.

Со планот се предвидува закрепнување од Ковид кризата, а забрзан и оддржлив економски развој во следните три години.

Имено, се очекува до половината на 2022. година да се врати БДП во состојбата како од пред кризата, а веќе до 2025. година економијата да расте до 5,9%, па оттаму буџетскиот дефицит до 2025. година се очекува да се спушти до 2,5% од БДП.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на денешната прес-конференција го претстави планот и посочи дека Буџетот за 2021. година има концепција да даде одговор на предизвиците со кои економијата и граѓаните се соочуваат поради Коронавирусот и пандемијата на глобално ниво.

„Доколку се одвива се по зацртаните проекции, очекуваме со овој буџет да обезбедиме раст на БДП од 4,1% , да се стимулира извозот кој очекуваме да порасне за 14,4%, воедно да пораснат и бруто инвестициите за 8,4%. Како една од поважните компоненти за формирањето на БДП е приватната потрошувачка за која имаме проекција за раст од 3,8%, а раздвижувањето на економската активност сметаме дека ќе доведе и до зголемување на бројот на вработени за околу 2%“, истакна Битиќи во своето излагање.

Идентично, тој најави и реализација на капитални проекти како во патната, железничката и комуналната енергетска инфраструктура, така и во развој на земјоделството и инвестиции во спортот, културата, здравството и образованието. Како што посочи, за нив се планирани 23 милијарди денари или 374 милиони евра.

Слични содржини