Во своето гостување во 24 анализа, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, посочи дека успешно земјата се справува со менаџирањето со Ковид кризата, но и потенцираше дека психолошкиот момент е евидентен и очекуван, не само тука, туку и на глобално ниво кај граѓаните.
„Сите, па и Комисијата за заразни болести е професионална во својот ангажман. Но, секоја одлука е креирање на политика, и затоа нивната одлука да се воведат рестрикции, е политичка одлука, но водени од нивната професионалност. Тоа што нас ни се случува во овој момент, е тој психолошки момент кој на глобално ниво е присутен, бидејќи и по 1 година битка против Ковид 19, е многу тешко да се изборите. Дополнителна причина за психолошкиот момент, се разбира е и моментот дали имаме или немаме вакцини. Ако некои сметаат дека оваа актуелна мерка со полициски час е ригорозна, да потсетам дека веќе 4. месец земји членки од ЕУ се во целосен локдаун. Досегашното менаџирање со кризата сепак, сметам дека е успешно. Економските параметри не се очекувани, како во рамки на нормалното, но се обидуваме да постигнеме баланс и да бидеме либерални “, истакна Битиќи.