Битиќи ги поддржа земјоделците од Валандовско во напорите за поголем развој на Договорното производство

од Vladimir Zorba
161 прегледи

„Денеска со земјоделскиот производител на градинарски култури, Јован Петков, ја продолживме мисијата за развој на Договорното производство во Валандовско.

На наше барање, а на големо задоволство, вицепремиерот Фатмир Битиќи покажа интерес да се запознае одблизу со иницијативата на Агротим за здружување на земјоделците и преработувачите во обезбедувањето на што поголеми количини домашна суровина за преработка. Тоа е во интерес на сите чинители во процесот, од земјоделци, преработувачи и секако Владата како креатор на мерките за поддршка на земјоделството и стопанството.

Во тоа сме согласни сите, па останува само да го продолжиме развојот на Договорното производство со голема поддршка од институциите задолжени за овој сектор.

Му благодариме на вицепремиерот Битиќи за средбата и поддршката на проектот. Тоа земјоделските производители знаат да го почитуваат.“

Фејсбук-статус на Ленче Николовска.

Слични содржини