Битиќи: Компаниите кои организираат настани никогаш не биле изоставени од мерките

од Andreja Salpe
583 прегледи

Вицепремиерот Фатмир Бетиќи, во вестите на Сител истакна дека ивент индустријата е особено застапена во последните два пакета со економски влаадини мерки.

„Навистина жалам што се уште не можеме да преминеме преку дневно политички агенди и да одговориме на потребите на секој граѓанин. Во време на здравствена и економска криза нужно е да бидеме брзи и ефикасни. Ја сфаќаме потребата на сите, но секогаш мора да се знае што најургентно и најитно за решавање. Секако, јас сум многу блиску до случувањата, до она што беше на денешниот протест на ивент индустријата, нивниот сектор е многу близок до сите граѓани. Ние секако имаме решенија за сите области. Неколку пати сум имал состаноци со ивент индустријата, имаме различни гледишта кон кризата, но само за јавноста да знае, компаниите кои организираат настани никогаш не биле изоставени од мерките, во сите пакети до сега тие биле вклучени, на пример ослободување од некои даноци, одложување на данокот на личен доход, имаа безкаматни кредити, имаа можност за финансиска помош од државата за плати за вработените.“ изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи.

„Во четвртиот пакт на мерки ние направивме скалеста поддршка со плати и тие што имаат најголем пад тие ќе имаат најголема поддршка, ова се однесуваше и на ивент индустријата. Во петиот пакет мерки имаме три мерки за нив, финансиска помош за плати, безкаматните кредити исто така остануваат, тие кредити ги креиравме со одредени критериуми, па половина од кредитот може да стане грант и финансирање на содржини од јавен интерес.“- дополни Битиќи.

Слични содржини