– Назначувањето на Валентина Божиновска за еден од 26-те членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, како советодавно тело на Министерството за надворешни работи, е одлука на министерот за надворешни работи Бујар Османи, истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
-Познат сум по ставот дека сум човек кој овозможува севкупно вклучување на луѓето затоа што идеолошки верувам во креирањето на едно општество, а токму концептот на едно општество е да им дозволите на сите истомисленици и неистомисленици да бидат дел од дебата и дискусија. При тоа имам категоричен став дека во такви дебати не можат да се вклучат луѓе кои повикувале или биле дел од некои идеологии кои повикувале на елиминација на некого кој не е истомисленик во одредено време, рече Битиќи во одговор на прашање пред промоцијата на проектот „Национална платформа за женско претриемништво“.
Тој нагласи дека смета оти тоа е црвената линија. -Се друго е прифатливо да се седне и да се разговара, посочи Битиќи.