Битиќи: Не дојде Ковид 19 и економската криза поради Фатмир, Зоран Заев или Христијан Мицкоски

180 прегледи

Во своето гостување во Топ тема, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, беше запрашан за рецесијата во која се наоѓа С.Македонија и што се инструментите кои ќе помогнат во ова време.

Загрижувачки се бројките во економијата. Па оттаму дали живеат подобро граѓаните од предизборието, или е ова дебакл како што посочува опозицијата, беше запрашан Битиќи.

„Во вакво време се непотребни обвинувања. Но, и покрај тоа што вршиме јавни функции, ние сме луѓе и треба да се сплотиме во решвањето на проблемите, поточно во битката со Пандемијата. Ковид 19 не дојде поради Фатмир Битиќи, Зоран Заев или Христијан Мицкоски. Статистиката говори дека споредбено со земјите од регионот, 17% бележиме раст од вториот до третиот квартал“, посочи Битиќи.

Слични содржини