Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, утре (25-ти мај), ќе оствари еднодневна работна посета во Република Косово.
Посетата на Косово, Битиќи ќе ја започне со средба со министерката за трговија, претриемништво и индустрија, Розета Хајдари (во 09:00 часот во зградата на Министерството за трговија, претриемништво и индустрија на Република Косово).
Од 10:30 часот, Вицепремиеротќе учествува на Регионална економска конференција „Економско влијание и последици од кризата”, која ќе се одржи во хотел Емералд во Приштина. На конференцијата најавено е учество на министерка за трговија, претриемништво и индустрија на Косово, Розета Хајдари, министерот за финансии на Косово, Хекуран Мурати, министерката за финансии и економија на Албанија, Анила Денај, заменикот министер за финансии на Албанија Бесарт Кадија, претседателот на стопанската комора на Косово, Скендер Красниќи, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа и други еминентни лица од политиката и бизнисот од регионот.
Посетата на Косово вицепремиерот ќе ја заокружи со работна средба во попладневните часови, со главниот државен ревизор на Косово, Бесник Османи.