Битиќи: Благосостојбата на граѓаните ни е примарна цел, обезбедивме раст на платите во сите сектори

од Симе Стоиков
256 прегледи

„Зголемувањето на благосостојбата на нашите граѓани е главната цел на нашата влада. Во периодот 2016-2023 година забележавме извонредно зголемување на просечната плата не само во јавниот сектор, туку и во приватниот сектор“ напиша на социјалните мрежи вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

На графиците кои ги сподели вицепремиерот може да се забележи дека платите во административните услужни дејности пораснале за 74 отсто, од 16.534 на 28.811 денари, додека во научните и техничките дејноси платите пораснале од 28.901 на 44.039 денари или 52 отсто.

Во јавната управа и одбрана платата пораснала за 43 отсто, од 26.733 на 38.340 денари, додека во секторот образование платите пораснале за 55 отсто, од 22.189 на 34.595 денари.

Слична е ситуацијата во поголемиот број сектори, каде што платите реално растеа изминатиот период, а најголем процентуален раст имаат забележано платите во секторот информации и комуникации, од 36.501 денар на 70.017 денари.

Слични содржини