Битиќи: Буџетот е еден од најсмешните буџети што сум ги видел, нема да се обезбеди зголемување на платите

од Milan1
85 прегледи

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во Дневен клик на ТВ 21 рече дека државниот буџет со ребалансот станува еден oд најскандалозните буџети.

Битиќи  истакна дека се манипулира со мислењето дека наводно се работи во интерес на граѓаните и додаде дека во многу сектори има намалување на буџетите и дека не треба да се очекува подобрување на квалитетот на животот.

„Буџетот е еден од најсмешните буџети што сум ги видел. Можност да се манипулира мислењето дека се работи за интерес на граѓаните, но всушност не е затоа што нема пари за плата, за покачување на платите. Што ќе значи дека сите колективни договори што се направени ќе бидат отповикани. Во образованието, здравството, Министерството за внатрешни работи, Армијата, сите овие сектори имаат намалување на ресурсите или јасен знак дека нема да се обезбеди зголемување на платите“, рече пратеникот Фатмир Битиќи.

Слични содржини