„Европскиот фронт има јасен пат. Тоа што не е јасно е на другата страна. Имаме една политичка партија Левица којашто јасно кажува дека не се за Европскиот пат, алудираат на некои други сојузи. Нив ги оставаме на страна. Ја имаме и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ којашто вели дека на граѓаните ќе им понуди нешто но не знаат што. Прокламативно велат дека би биле за ЕУ, но не ќе видат кога ќе ги добијат изборите“, изјави потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи на „24 Анализа“ на Телевизија 24.
Тој додаде дека е јасна секоја постапка којашто се прави од политичките чинители.
„Нашето место припаѓа во ЕУ, со црвени линии коишто се зададени од сегашниот состав на собрание, а тоа е зачувување на македонскиот идентитет, македонскиот јазик, историја, сите други работи коишто се битни за етничката заедница“, заклучи Битиќи.