Битиќи: Јавниот долг ќе достигне 70,8 отсто, во историјата не бил поголем, тоа е страшно

од Milan1
31 прегледи

– Јавниот долг во декември 2023 година беше 58,6 посто (од БДП), за да сега на 31 декември, ќе имаме 66 посто јавен долг, а ако на тоа ги додадеме неизмерените обврски од единците за локална самоуправа, доаѓаме на јавен долг од 70,8 посто. Еве, држете ме за збор и на 15 јануари ќе зборуваме дали е тоа така или не. Никогаш во историјата на Македонија не сме имале толкав јавен долг. И тоа е страшно, за државата, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Комисија за финансирање на буџет.

„Треба да видиме како ќе се справиме со тоа. Затоа и во фискалната стратегија ова го нема, а ви укажавме. Но, кога ќе ги прочитаме бројките, ако отидете во документот кој е направен од парламентарната буџетска канцеларија на страна 36, во стоки и услуги, стои дека за цели 15 посто во споредба со ребалансот, се зголемуваат материјали и ситен инвентар. Тоа се 757 милиони денари. Во договорни услуги, 4,9 милијарди се зголемуваат договорните услуги. Па, тоа е 80 и нешто милиони евра договорни услуги“, рече Битиќи.

Од СДСМ велат дека „поради нервоза на пратениците на ВМРО ДПМНЕ и нивното несоодветно однесување со постојани дофрлања, седницата е прекината и тече пауза“.

Слични содржини