Битиќи: Менувањето на кадри, на еден непослушен со друг послушен, не е реформа

од Milan1
13 прегледи

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, вечерва ги коментираше состојбите во правосудството и потезите на власта, меѓу кои е и иницијативата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Битиќи оцени дека чекорите на власта се во насока на партизација на правосудството, а таа ги прикажува како реформи.

„Менувањето на кадри, на еден непослушен со друг послушен, не е реформа и нема да ги убеди 96% од населението кои што не веруваат во тој правосуден систем дека нешто ќе се смени. Реформите треба да ја зголемат довербата во една независна власт затоа што очигледно ни е потребна во справувањето со сите предизвици што доаѓаат понатаму. И со предлогот за интерпелација на Судскиот совет не е решение парцијалниот начин и менувањето на кадровското решение, затоа што тоа не наликува на ништо различно од тоа што го гледавме изминатите 33 години. Извршната власт не ја контролира правосудната власт, оди поинаку. И ние во програмата се залагавме за реформите, но реформи се знае како се прават, рече Битиќи во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“.

Слични содржини