Битиќи: Урнат е стандардот на граѓаните, за синдикалната кошница во јули потребни се речиси 2,7 минимални плати

„Двајца вработени со минимална плата од 24.379 денари во едно семејство, и пак нема да имаат доволно средства за месечните трошоци. Денес, за да се покрие синдикалната кошница од јули, потребни се речиси 2,7 минимални плати. Тоа значи дека дури и семејства со двајца вработени не можат да обезбедат пристоен живот.“

од Vladimir Zorba
12 прегледи

„Вредноста на синдикалната потрошувачка кошница порасна од 61.855 денари во март на 63.908 денари во мај, а потоа во јуни достигна 64.698 денари и во јули нов рекорд 65.328 денари. Тоа е зголемување од 3.473 денари за само четири месеци, или повеќе од една и пол минимална плата. Во исто време, просечната нето-плата се зголеми од 44.763 денари во март на 45.796 денари во мај, зголемување од само 1.033 денари за три месеци. Јазот меѓу приходите и трошоците драматично се продлабочува“, изјави пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната прес конференција на партијата.

Тој додаде дека оваа состојба директно го урива животниот стандард на граѓаните: „Двајца вработени со минимална плата од 24.379 денари во едно семејство, и пак нема да имаат доволно средства за месечните трошоци. Денес, за да се покрие синдикалната кошница од јули, потребни се речиси 2,7 минимални плати. Тоа значи дека дури и семејства со двајца вработени не можат да обезбедат пристоен живот.“

Битиќи предупреди дека без реален раст на приходите, куповната моќ на граѓаните ќе продолжи да паѓа, а економската несигурност да расте.

Слични содржини