Битиќи: Отсега граѓаните на земјите на Отворен Балкан ќе имаат слободен пристап на пазарот на труд

од Stefanija Kuzmanovska
213 прегледи

Работните дозволи и треба да припаѓаат во минатото, отсега граѓаните на земјите на Отворен Балкан ќе имаат слободен пристап на пазарот на труд, сега за сега помеѓу трите земји потписнички но се надевам во иднина и помеѓу сите земји на Западен Балкан, а секако и Европската Унија, објави на Фејсбук вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„Ова ќе ја зголеми конкурентноста, зајакне економијата но ќе отвори и нови можности за бизнис секторот и пазарот на труд.

Денес се ратификуваа законите од иницијативата Отворен Балкан, со што нашите граѓани заедно со тие од Албанија и Србија ќе можат да работат во трите наведени земји без да имаат потреба од било каква дозвола за работа“, наведе Битиќи.

Слични содржини