Битиќи: Со кризниот данок освен банките и трговските друшта ќе бидат опфатени и компаниите во производство

од Radmila Tasevska
263 прегледи

На денешната прес-конференција вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, посочи дека, освен банките и трговски друштва и компании кои се во производство ќе бидат опфатени со кризниот данок од 30 отсто на добивката остварена годинава од над 10 милиони евра. Тој објасни дека овој данок ќе биде еднократен и се однесува само за профитот кој е остварен годинава и е поголем од четиригодишниот просек. Со него се очекува да се опфатат неколку илјади компании.

– Компаниите коишто ќе се опфатат со овој данок се сите кои имаат приход над 10 милиони евра. Ако нивниот просечен профит од последните 4 години не е над 20 отсто оваа година нема да бидат опфатени со овој данок. Тие што ќе имаат просечен профит последните 4 години заедно со остварениот годинава повисок од 1,2 милион евра ќе го плаќаат овој данок. За разликата остварена над овој профит се пресметува даночна стапка од 30 отсто. Може да претпоставиме дека станува збор за неколку илјади компании – изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Слични содржини