Ја обвинуваат германската канцеларка Меркел, дека се плаши да превзема ризици и дури дека не е вистинска европејка. Напорите за постигнување примирје во источна Украина го покажаа сепак токму спротивното, тврди Каи-Александар Шолц.
“Минск 2” не беше еднолично акција на Германија, туку заедничка германско-француска иницијатива. Тоа ја заздравува така важната за единството на Европа оската Берлин-Париз, на која во последниве години се чинеше дека и недостигаа силни импулси. Еден таков импулс беше заедничката иницијатива на двајцата министри за надворешни работи и нивниот полски колега пред околу една година во Киев. Кризата во Украина покажа дека Берлин и Париз се обединети – Германија и Франција ги поддржаа дипломатските напори и политиката на санкции и жестоко се противат испораките на оружје за Киев.
Во Париз знаат добро дека германската канцеларка е најважниот соговорник во Европа на рускиот претседател Владимир Путин. Ангела Меркел се слуша редовно со него по телефон и ги користи контактите долго искуство. Затоа и иницијативата е од нејзина страна. По маратонот од преговори во Минск францускиот претседател Франсоа Оланд ја истакна водечката улога на германската канцеларка во дипломатските напори, иако не пропушти да забележи и тоа дека Франција и Германија се надополнуваат. Сличен надворешнополитички импулс е повеќе од добредојден за Париз, кој во моментов се бори со тешки економски и политички проблеми.
Од дипломатските напори за Украина заработува сепак и Берлин, кој не може да биде обвинуван во еднолични дејства, бидејќи Париз исто така активно учествува во овој процес. Во овој поглед се почесто се слушаат проценки дека Меркел не е неутрален посредник во украинската криза, туку ги штити интересите на Европа.
“Канцеларката на светот”
Меркел се обидува да го зачува единството на Европа. Оваа нејзина улога е високо ценета, особено од источноевропските држави, кои во контекст на кризата во Украина се чувствуваат загрозени од Русија. Во исто време, сепак јужноевропејците ја познаваат и како неотстаплив приврзаник на политиката на штедење, со што Меркел заработува и многу противници. Во Германија ја признаваат за надворешнополитичка величина. Полу на шега, полусериозно некои гледаат во неа дури “Спасителка на светот”, а пред последните разговори во Минск изданието на “Билд” излезе со наслов “Меркел – канцеларката на светот”.
Меѓу силните страни на Меркел e и нејзината издржливост. За една недела таа помина растојанието од 20 илјади километри по должината на рутата Киев-Берлин-Москва-Берлин-Минхен-Вашингтон-Отава-Берлин-Минск, при тоа без одмор. Навикнати на трудољубивост Германците високо ги ценеат напорите на својата канцеларка околу последниот маратон преговори во главниот град на Белорусија. И никој не може да ја прекорува дека не се обидела за прекин на крвопролевањето во Украина. Токму таква порака емитуваше самата таа по 16 часа разговори со Путин и Порошенко: “Имаме зрак на надеж. Се разбира дека има уште многу пречки пред нас, но во секој случај постигнатото ни дава повеќе надеж отколку ако не бевме ја презеле оваа иницијатива. “, изјави германската канцеларка по разговорите во Минск.
Германците од искуство знаат дека во тешки ситуации Меркел секогаш се прикажува во одлична форма. Иако понекогаш не успева да го скрие заморот , на меѓународната политичка сцена таа се чувствува одлично – и во текот на денот, и во текот на ноќта. Вклучувајќи поради тоа неодамна во Германија многумина си замислуваат дека еден ден Меркел може да биде избрана и за генерален секретар на ОН.
Заштитничка на Европа
Никој не ја оспорува водечката улога на Меркел во европската надворешна политика. Дали таа се справува добро, тоа е друго прашање. Сигурно многумина се прашуваат дали Меркел не чека премногу долго пред да тргнат првите спасувачки транши за Грција – уште пред должничката криза да се пренесе и врз други земји во јужниот дел на Европа? Не почека ли Меркел премногу долго и околу кризата во Украина, додека во исто време Русија заработи воени успеси? Не придонесе ли во најголема мера токму наметнатата од Берлин политика на штедење во Грција за подемот на евроскептичните партии и популисти во Европа? Никој не ги знае вистинските одговори на овие прашања од типот “А што ли ќе се случи ако …?”.
Ако нема кој друг да се заземе, тогаш работата обично останува за Германците. Барем тоа го покажува искуството на Меркел – на пример околу кризата во Грција, кога долго време ЕУ не знаеше што да прави. Тогаш Меркел го пополни вакуумот, оставен од Европската комисија. Германската канцеларка, сепак треба да биде почитувана од еден силен задкулисните играч – САД. Околу кризата во Украина, на пример, претседателот Барак Обама е подложен на силен внатрешнополитички притисок за испорака на оружје за Киев. И ако во Минск не беше постигнат договор за примирје, ништо не можеше да ги запре американските оружени испораки за Украина. Во Берлин сепак се слушаат и проценки за тоа дека Вашингтон е премногу далеку од пожарот во Украина. Меркел се обидува да спречи воената ескалација на конфликтот, бидејќи верува дека ова не е начин да се реши равенката. Во активностите таа се раководи од интересите на Европа, кон кои спаѓа и трансатлантската соработка. Во украинската криза Меркел презеде решителната иницијатива.
