Биткоин манијата почнува да опаѓа

од Stefanija Kuzmanovska
356 прегледи

Цената на биткоинот паѓа во позадина на црвениот бран кај средства, кои претходно заработуваа од оптимизмот околу стимулациите, кој ги презеде пазарите, според „Блумберг“.

Најголемата криптовалута се намали за 10,6% до 50.880 долари нешто по 14 часот по македонско време, копајќи уште подлабоко под двонеделниот минимум од раните утрински часови во Њујорк, кога цената беше околу 52.950 долари. Во моментот на пишувањето на материјалот, според CoinMarketCap, цената на една дигитална паричка е 51,618,36 долари.

Токенот е во најдолгата низа на загуби од декември досега. Поширокиот индекс Bloomberg Galaxy Crypto исто така се обидува да го победи негативниот тренд.

Се погласни се шпекулациите дека најновите стимулации во САД ќе бидат потрошени во реалната економија, а не на пазарите, бидејќи вакцинациите наскоро ќе го вратат нормалниот живот.

Бројот на „кол“ опции, со кои се тргува во САД, ги руши рекордите на почетокот на оваа година и интересот за GameStop Corp и ARK Innovation ETF опаѓа.

Цената на биткоинот е околу 9 илјади долари под рекордот од 61 742 долари, достигнат порано во март, но останува 700% поскап од година порано. Паричката забележа раст, но накратко во средата, по серијата твитови од извршниот директор на Tesla Inc. Елон Маск, кој најави дека ќе го прифати дигиталното средство како платежно средство.

Токенот останува главна алатка за шпекулации и веројатно нема да ги помести алтернативните засолништа, рече Блит Мастерс, поранешен извршен директор на JPMorgan Chase, кој сега е извршен директор на Motive Capital.

Според некои финансиери, биткоинот е премногу нестабилен за да биде прифатен како валута. Други тврдат дека институционалното одобрување се шири како дел од напорите за диверзификација на портфолиото и хеџирање на ризици, како што е забрзаната инфлација.

Слични содржини