БИТКОИН ПОВТОРНО ВО ПЛУС: Дали ќе се исполнат прогнозите на аналитичарите за март?

од Stefanija Kuzmanovska
284 прегледи

Цената на биткоинот продолжува да расте утрово, па затоа во моментов се тргува со најпопуларната криптовалута по цена од околу 58.200 долари. Во текот на изминатите 24 часа, вредноста на биткоинот се зголеми за нешто повеќе од 5 проценти.

Сепак, сегашната цена е сè уште релативно далеку во однос на историскиот рекорд од 61.500 долари.

Во текот на изминатиот ден, цената на криптовалутата се движеше помеѓу 55.500 и 58.300 зелени банкноти.

Така, по неколку дена пад, биткоинот повторно расте, а неговата пазарна капитализација се врати над милијарда долари.

Со оглед на тоа дека има само уште еден ден до крајот на овој месец, се чини дека храбрите предвидувања на некои аналитичари кои предвидоа дека биткоинот може да достигне вредност од 100.000 долари до крајот на март нема да се остварат.

Слични содржини