181
Пазарот на криптовалути претрпе голем пад во последните неколку дена, но, според веб-страницата „Коингеко“, тој денес се стабилизира. Пазарната капитализација благо закрепна, за 1,8 отсто и моментално изнесува 1,74 трилиони долари.
Биткоинот денеска се тргува по цена од 35.633 долари, што значи дека во последните 24 часа изгубил дополнителни 0,7 отсто.
Цената на етереумот е речиси непроменета во однос на вчерашната, т.е. неговата вредност падна за 0,4 отсто и моментално се тргува по 2.493 долари.