БИТКОИН ВО МИНУС: Криптовалутата изгуби 6 отсто од својата вредност за еден ден

од Stefanija Kuzmanovska
392 прегледи

Цената на биткоинот продолжува да паѓа утрово, па така најпопуларната криптовалута изгуби скоро 6 проценти од својата вредност во изминативе 24 часа. Тоа е значителен пад во споредба со викендот, кога биткоинот во еден момент дури ја надмина границата од 60.000 долари и се приближи до историскиот рекорд од 61.500 долари.

Во текот на изминатиот ден, цената се движеше помеѓу 53.500 и 58.000 зелени линкови, а во моментов со дигиталната паричка се тргува по цена од околу 54.570 американски долари.

Аналитичарот на Блумберг, Мајк МекГлоун неодамна смело предвиде дека биткоинот ќе се искачи на ниво од 100.000 долари до крајот на месецот. МекГлоун беше еден од ретките аналитичари кои имаа храброст да предвидат дека биткоинот ќе скокне на ниво од 50 000 американски долари.

Слични содржини