Се чини дека регулаторната неизвесност во САД во врска со усвојувањето на компромис за даночните одредби за криптовалути од страна Сенатот, позитивно влијае на атмосферата на пазарот за дигитални средства. Во последните 24 часа пазарната капитализација на целиот пазар на криптовалути се зголеми за 4,2 проценти.
Според веб-страницата „Коингеко“, биткоинот поскапе за 1,9 проценти во изминатите 24 часа, а во моментов се тргува по цена од 46,279.27 долари.
Етереум доби 3,7 проценти во вредност во исто време, и се тргува по цена од 3,218.85 долари.
Само во последната недела, повеќето валути на пазарот „вратија“ голем дел од вредноста што ја имаа пред неколку месеци. Биткоинот порасна за 20,8 проценти за 7 дена, етереум 28,4 проценти, Кардано 30,7 проценти, Рипл 25,3 проценти ….
Профитот на американската берза за криптовалути „Коинбејс“ ги надмина проценките на пазарот во вториот квартал од 2021 година, поттикната од скок на обемот на тргување од речиси 38 проценти во споредба со претходните три месеци, пишува Танјуг.
Во кварталот што заврши на 30 јуни, обемот на тргување порасна на 462 милијарди долари од 335 милијарди долари во првиот квартал.
Биткоинот имаше 24 проценти учество во вкупниот обем на тргување со криптовалути на „Коинбејс“ во периодот април-јуни, во споредба со 39 проценти запишани во првите три месеци од оваа година, пренесе Ројтерс.
На прилагодена основа, оваа крипто-берза заработи 3,45 долари по акција, додека аналитичарите очекуваа профит од 2,33 долари по акција, според податоците на Системот за предвидувања на институционални брокери (IBES) на компанијата „Рефинитив“, пренесе Танјуг.
„Коинбејс“, сепак, очекува обемот на тргување да биде помал во тековниот квартал отколку во вториот квартал, бидејќи тргувањето во август, иако малку подобро отколку во јули, падна во споредба со истиот месец минатата година.
Берзата планира да го зголеми бројот на криптовалути што се тргуваат на нејзината платформа, а извршниот директор Брајан Армстронг вели дека сака „Коинбејс“ да стане „Амазон на дигитални средства“ и да ја пушти јавно секоја легална дигитална валута.
„Коинбејс“, една од најголемите берзи за криптовалути во светот, дебитираше на берзата во Њујорк во април преку директна котација.