Биткоинот порасна до 50.000 американски долари за прв пат откако Ел Салвадор го прогласи за законско платежно средство во земјата во почетокот на септември, пишува „Блумберг“.
Биткоинот поскапе за 1,6 отсто на 49,237 долари во тргувањето во Њујорк. Пред скоро еден месец, најстарата криптовалута пропадна за дури 17% по експериментот со биткоин во Ел Салвадор – најголемиот тест за криптовалути во реалниот свет.
Вчерашното рели на криптовалутата е продолжение на добрите перформанси од викендот, кога се тргуваше за 48.000 долари. Севкупно, пазарната капитализација на криптовалутите се зголеми од 1,9 трилиони долари во средата на околу 2,2 трилиони долари во недела.
Изгледите за криптовалутата изгледаа мрачни по нејзиното воведување како легално средство за плаќање, заедно со американскиот долар во Ел Салвадор. Неколку дена подоцна, избија протести.
Во почетокот на годината, биткоинот значително се урна во април, кога падна под 33.000 долари.
Според Џејсон Урбан, копретседател на Galaxy Digital, до почетокот на есента цената на биткоинот ќе достигне нови рекорди, а до крајот на годината ќе вреди најмалку 70.000 долари.
„Дефинитивно мислам дека можеме да видиме повеќе од 70.000 долари до крајот на годината“, рече Урбан.