Биткоинот ги сруши сите рекорди поради „Тесла“

од Nikola Popovski
146 прегледи

Цената на најпознатата криптовалута – биткоин, повторно порасна откако компанијата „Тесла“ објави дека во јануари инвестирала околу 1,5 милијарди долари во биткоин.

Вредноста на биткоинот ги надмина сите претходни рекорди и сега изнесува повеќе од 43.000 долари, пренесува Блумберг.

Во јануари, Елон Маск, сопственикот на „Тесла“ и „Спејс Х“, во својата биографија на Твитер го означи биткоинот, а потоа биткоинот достигна цена повисока од 37,000 долари, што беше рекордна вредност во тоа време.