165
Биткоинот денеска падна, во азиското тргување, на најниско ниво во последните 18 месеци, поттикнат од загрижувачките податоци за инфлацијата во Соединетите држави кои предизвикаа аверзија кај инвеститорите кон инвестирање во ризични средства.
Најголемата светска криптовалута по пазарна капитализација падна за цели 8,9 отсто на 24.903,49 долари, што е најниско ниво од декември 2020 година, пренесе „Блумберг“.
Некои аналитичари проценуваат дека биткоинот може да падне под 15.000 долари, па дури и помалку, поради општото макро опкружување и нивото на страв што го зафати пазарот.