Биткоинот „не е ни блиску до својот врв“, тврди крипто-ветеран

од Vladimir Zorba

Крипто-ветеранот Боби Ли верува дека Биткоинот има уште долг пат да помине пред да го достигне врвот на овој циклус.

Тој е на ова мислење дури и откако средството драстично падна од неговиот нов историски максимум од над 69.000 американски долари на почетокот на овој месец.

Во ново интервју за CNBC, поранешниот извршен директор на најголемата кинеска крипто-берза, BTCC, рече дека очекува БТК да „експлодира“ во следните неколку месеци.

„Знаеме дека сме во супер „биков“ циклус за крипто, за Биткоин. И навистина сè уште не сме го виделе крешендото. Се уште не сме го виделе врвот. Така, имаше зголемен интерес во текот на целата година. Видовме мини врв од 65.000 долари претходно оваа година во април. Мислам дека има големи шанси да го достигнеме врвот подоцна оваа година или можеби на почетокот на следната година…. И кога ќе го достигнеме врвот, тој многу брзо и лесно ќе надмине од 150.000 до 200.000 долари“, вели крипто-ветеранот.

На прашањето што би можело да го поттикне Биткоинот толку брзо да ја зголеми својата вредност, Ли рече дека широкиот раст во неколку сектори на криптовалути и понатаму е релативно недоволно покриен од медиумите.

Кога цените скокаат на нови височини, Ли верува дека пошироката јавност ќе посвети големо внимание на крипто-просторот.

„Катализаторот [за релито] обично е многу добра вест. Има многу добри вести кои можат да дојдат во форма на регулаторни нешта или во смисла на усвојување. Сега постои огромен крипто-пазар. Над сто милиони луѓе ширум светот поседуваат Биткоин, сопствена криптовалута. Ова не е традиционален финансиски систем, па затоа не е добро покриен во медиумите. Но, реалноста е дека многу луѓе ширум светот го тргуваат со доаѓањето на NFT (незаменливи токени), DeFi (децентрализирано финансирање), децентрализирани апликации (DApps) и децентрализирани берзи (DEX). Крипто доби на интензитет во последните неколку години. Значи, кога ќе видиме врв, сите ќе зборуваат за криптовалути. А ние едноставно уште не сме го виделе. Но, верувам дека сме во раниот дел од овој биков пазарен циклус“, смета тој.

Ли, кој ја основа компанијата за криптопаричници Ballet во 2019 година, неодамна се огласи на Twitter за да објасни што луѓето треба да бараат за да утврдат дали нагорниот циклус ќе го достигне својот врв.

„Ќе знаете дека сме блиску до врвот, кога целиот свет ќе биде возбуден поради крипто, кога насекаде ќе владее еуфорија и со толку многу добри вести наоколу, никој не верува дека ќе заврши биковиот пазар. Дали сме уште таму? Не. Не сме ни блиску“, вели Ли.

Слични содржини