314
Биткоин скокна над 8 проценти денес, на највисоко ниво од 48.481 американски долари, откако банката „NY Melon“ соопшти дека основала нова единица за да им помогне на клиентите да држат, пренесуваат и издаваат дигитални средства.
„Се очекува новата единица во „BNI Mellon“, наречена „Digital Assets unit“, да ја претстави својата понуда кон крајот на оваа година“, изјавија банкарски службеници.
Биткоинот во моментов се тргува за 47.953 долари, што претставува 6,31 отсто раст во последниве 24 часа.