Биткоинот продолжува да расте: Дали ќе стане светска резервна валута наместо доларот?

од Берта Китинска
282 прегледи

На долг рок, биткоинот може да достигне цена од еден милион долари и да стане резервна светска валута, вели еден менаџер за управување со капитал за CNBC.

Ентони Помпилјано, коосновач и партнер во „Morgan Creek Digital Assets“, вели дека биткоинот може да достигне половина милион долари до крајот на деценијата. Може да достигне милион долари, додаде тој, без да прецизира во кој период.

“Мислам дека биткоинот конечно ќе прерасне во светска резервна валута. Мислам дека ќе вреди повеќе од пазарната капитализација на златото”, рече Помпилјано.

Но, банката JPMorgan предупредува на ризици во случај да продолжи растот на таа криптовалута.

Имено, пред неколку дена, биткоинот за прв пат ја надмина границата од 50 000 долари.

Слични содржини