Биткоинот влезе во 2022 година со вредност од околу 46.000 долари, јануари заврши на нивоа од околу 35.000 долари, за повторно да закрепне во средината на февруари и да се врати на нивоата од почетокот на годината. Тогаш на сцена стапи руската инвазија на Украина, која повторно ја намали вредноста на биткоинот за околу 10 илјади долари, но овој шок (иако доста голем) траеше кратко.
Кој го „купи падот“, го купи, бидејќи по само пет дена најголемата криптовалута на светот се врати во „зелено“ – овој вторник се тргува по цени повисоки од 44.000 американски долари.
Големата неизвесност на светските пазари редовно води кон нестабилност, што можеби најдобро се гледа во овој двомесечен тренд на вредноста на биткоинот.
Непредвидливите движења на цената на биткоинот, како и обично, доведуваат до движења на цената на алткоините. Следствено, вредностите на етереум, рипл, кардано и другите големи криптовалути се опоравија од украинската криза, па барем првите 30 од нив, според CoinMarketCap, започнаа оваа недела со позитивно расположение.
Интересно е тоа што ако се спореди пазарната капитализација на биткоинот, која сега изнесува над 820 милијарди долари, со онаа на руската рубља – излегува дека руската валута, која е во слободен пад поради економските санкции, вреди помалку од сите биткоини заедно. Досега се ископани 18,9 милиони биткоини, а вкупната циркулација на рубљата, за споредба, изнесува околу 14,5 милиони биткоини.