29
„СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Х.(61) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
– Пријавениот, од девизна сметка на починато лице, на кое бил полномошник, во два наврати извадил парични средства во вредност од 18.550 американски долари и 11.750 евра и покрај тоа што знаел дека со смртта е прекинато и полномошното“, информираат од МВР.