Битолчанец тешко повреден откако го удриле со автомобил

од desk2
92 прегледи

На 21.10.2018 година во 22:45 часот било пријавено дека во Битола на улицата „Филип Втори Македонски“ патничко моторно возило „Ауди А-4“ со битолски регистерски таблици управувано од И.Б.(20) од с.Трновци-О.Могила удрило во пешак Ц.К. (64) од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани од страна на лекар во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.