Битолчанка неовластено држела и продавала марихуана, поведена истрага

Jавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничената поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризикот дека ќе го повторува делото.

од Бисера Трајковска
9 прегледи Фото: Принтскрин

Основното јавно обвинителство Битола денеска поведе истрага и предложи мерка притвор за продолжено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ против 33-годишна битолчанка, која во периодот од 3 март до 25 октомври годинава неовластено држела и продавала наркотична дрога марихуана.

-Осмоничената помали пакувања од дрогата, во неколку наврати оставала на надворешниот дел од ѕидна ограда од станбен објект, од каде ја подигнувале купувачи. При претрес во домот на осомничената полицијата пронашла 13 зипер ќесички марихуана подготвени за натамошна неовластена продажба со вкупна маса од околу 20 грама, како и три дигитални ваги со траги од марихуана и кокаин, велат од Обвинителството.

Како што потенцираат во нивното соопштение, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничената поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризикот дека ќе го повторува делото.

Слични содржини