Битолчанка пријавила роднина: Непристојно ја допирал нејзината малолетна ќерка

од Илинка Илиоска
247 прегледи

35-годишна жена од Битола вчера пријавила во полицијата во Прилеп дека нејзиниот роднина ја допирал нејзината малолетна ќерка, јави полицијата.

Според пријавата, инцидентот се случил на 8 ноември 2024 година, околу 02:00 часот, кога малолетната девојка била на гости кај нејзината тетка во Прилеп. Полицијата веќе презела мерки за истрага на случајот.

Слични содржини