Битолската болница се оградува од докторот што е осомничен за примање 150 евра поткуп

од Milan1
45 прегледи

„Итно е спроведена постапка за смена на докторот од раководната позиција во болницата, а во консултација со Министерството за здравство и постапка за суспензија додека трае процесот на истражните органи, според важечките законски прописи“, велат од битолската Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“
Директорката на Клиничката болница во Битола, Ненси Лозанче, во име на јавната здравствена установа се огради од постапката на лекарот кој е уапсен поради примање поткуп.

Во соопштението на директорката, се вели дека Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ е запознаена со случајот од страна на Секторот за внатрешни работи Битола и дека ги охрабрува истражните органи да постапат транспарентно и законито.

„Како Клиничка болница се оградуваме од постапката на посочениот доктор. Категорично сме против и силно ја осудуваме секоја намера на здравствен работник да оштети пациент на било кој начин и во било која форма“, се вели во соопштението.

Според директорката, во врска со случајот, веднаш е спроведена постапка за смена на докторот од раководна позиција и негова суспензија додека трае постапката на истражните органи.

Како што пренесоа дел од медиумите, осомничениот доктор бил началник на хируршкото одделение во болницата.

„Итно е спроведена постапка за смена на докторот од раководната позиција во болницата, а во консултација со Министерството за здравство и постапка за суспензија додека трае процесот на истражните органи, според важечките законски прописи“, наведуваат од Битолската клиничка болница.

Како што соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи, станува збор за 64-годишен хирург, кој на 27 јануари, откако извршил хируршка интервенција, побарал 150 евра за да се почести за завршената работа.

Слични содржини