Битолската герила му пркоси на прилепскиот Итар Пејо

од Vladimir Zorba
93 прегледи

 

pari-na-patot-za-resen (1)

За скоро време Битола нема да ја посети ни еден министер, по искуството на министерот за транспорт Владо Мисајловски кога и него го посипаа со парите со ликот на градоначалникот Владимир Талески и му ја упропастија пропагандата за реконструкцијата на патот кон Ресен, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од партиски извори во Битола.

Герилските акции по обелоденувањето на предметот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство го пореметија животот на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е професионален глумец и го бива за сликање и давање изјави. За локалните новинари и за дописниците на националните медиуми беше многу чудно дека ден по герилската акција во четвртокот тој не се појави на свеченото пуштање во употреба на мостот во населбата „Јени мале“ во Битола. Не се работеше за голем проект, но тој се сликал во медиумите и на многу помали. На пример, кога некој ученик од битолско училиште ќе добиеше награда, кога ќе се закрпеше улична дупка , па и за Осми март да им даде ружа на женските организации.

Целиот текст можете да го прочитате тука