Директорот на битолскиот затвор „Црн мост“, Славко Гацовски, и началничката на секторот за односи со јавноста и за протокол на МВР, Наталија Спирова-Кордиќ, за „Мета“ потврдија дека има засилено обезбедување на затворот и дека се зголемени мерките на безбедност со редовни полициски службеници, но не и со специјалци.
Гацовски потврдува дека во „Црн мост“ се дел од терористите од Диво Насеље, но не открива колку и кои се нивните имиња.
Гацовски вели дека не се точни информациите дека им било земено оружјето на стражарите, туку дека тие оружје носат само надвор од сместувачките објекти.
ТВ Шења: Обдукцијата на Ризај и Реџај ги зајакна сомневањата на семејствата за ликвидација по апсењата
Од МВР за подоцна ни најавија објаснување зошто е зголемено нивото на обезбедувањето на битолскиот затвор.
