Под отворено небо на ниски температури во дворот на економското училиште, синоќа битолските средношколци го одржаа првиот Средношколски пленум. На него беше договорено да се формираат интерни пленуми во секое средно училиште во градот, како и работни групи во кои ќе се прават детални анализи за проблемите во образованието-пишува Радио МОФ.
Иако беше најавен, присутните на Средношколски пленум наидоа на затворени врати во СОЕУ „Јане Сандански“во Битола.
„Бевме принудени пленумот да го одржиме на отворено, во ноќно време и на ниски температури пред самото економско училиште затоа што претходно поднесеното барање за просторија до директорката ни беше одбиено со изговор дека „нема нафта за парно„ и „нема одговорно лице“, вели Емилија Ристевска, ученик во гимназијата Јосип Броз Тито – Битола.
