Бившaтa на Лиам Пејн: „Зборуваше дека ќе умре и дека не му е добро“

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Маја Хенри, поранешната свршеница на Лијам Пејн, го обвини за опсесивно однесување само неколку дена пред неговата смрт. Таа покренала правна постапка против Пејн бидејќи, како што објаснила, тој постојано и праќал пораки и мејлови и ги малтретирал членовите на нејзиното семејство и пријателите.

Во понеделник, на 14 октомври, нејзините адвокати му предале писмо на Лијам за да укажат на неговото наметливо и загрижувачко однесување.

„Ми праќа толку многу пораки што ќе ми пукне мобилниот. Користи други броеви, ѝ пишува на мајка ми, пријателите. Секогаш од други броеви на мобилни телефони. Прави нови сметки. Секој пат кога ќе видам дека некој ми се појавува на телефонот, помислувам „еве го повторно“, изјави таа неодамна за Daily Mail.

„Ми праќаше мејлови. Не само на мене, туку и на мајка ми. Дали е ова нормално однесување за вас“, додала таа.

Хенри го обвини и дека на социјалните мрежи поттикнал бројни фанови на One Direction против неа.

Во понеделникот, Маја гостуваше во поткастот „The Internet Is Dead“ каде што рече дека Лијам често зборувал за смртта.

„Откако раскинавме ми праќаше пораки дека не е добро. Секогаш си играше со смртта и ќе речеше: „Па, ќе умрам. Не ми е добро“, рече таа и додаде дека таквите пораки биле негов обид да ја манипулира за да се чувствува лошо затоа што раскинале.

„Еднаш се обидов да му помогнам, а тој не прифати. И пишуваше на мајка ми: “Не сум добро, Маја нека контактира со мене“, бидејќи не одговарав. Секогаш е истиот циклус”, рекла таа.

Во февруари, инфлуенсерката ја објави својата книга Looking Forward, која беше инспирирана од записите во списанието што ги напиша додека беше со Лиам. Таа тврди дека пејачот и се јавил на мајка и по објавувањето на книгата и рекол: „Нема да бидам наоколу уште долго“.

„Не си играм со смртта. Ако ми го кажеш тоа, ќе се обидам да ти помогнам без оглед на тоа што си направил. Мислам дека ја искористуваше љубезноста на моето семејство”, додала таа.

Пејн и Хенри беа во врска од 2019 до 2022 година, двапати се свршија и раскинаа. После тоа, Лиам се забавуваше со инфлуенсерката Кејт Кесиди.

Да потсетиме, Лиам Пејн (31), поранешен член на One Direction, беше пронајден мртов во Буенос Аирес. Тој бил пронајден мртов пред хотелот Кас Сур во луксузниот кварт Палермо, откако паднал од третиот кат. Смртта ја констатирала полицијата, а лекарите рекле дека „немало начин како да се спаси“.

Слични содржини