Бившиот ја истепал па и се заканувал со пиштол: Малолетничка пријавила во полиција

од Берта Китинска
411 прегледи

На 20 јануари во 20.15 часот во СВР Тетово, малолетничката заедно со нејзината 46-годишна мајка од тетовска Мала Речица пријавиле дека на 19.01.2022 околу 16.00 часот, по претходна расправија, била физички нападната од И.Р.(21) од тетовско Камењане, со кого била во љубовна врска, а кој ѝ упатил закана со пиштол – информираа од СВР Тетово.

СВР Тетово работи на целосно расчистување на случајот, при што ќе следи и соодветен поднесок.