330
Холивудската ѕвезда Рис Витерспун е во петтата деценија, а на нејзиниот изглед многумина ѝ завидуваат.
Освен негата и генетиката, за ова е заслужна и здравата исхрана. Меѓутоа, Рис во својот режим вовела бизарен начин за слабеење.
Имено, актерката сака бебешка храна, па наместо појадок и ручек консумира кашички.
За вечера јаде класичен оброк, додека нејзиниот тренер е заслужен за нејзиниот внес на каши. Ја советувал да почне да ги консумира, за да ја доведе својата линија во топ форма бидејќи имала улоги кои ги снимала во бикини.
Нутриционистите предупредуваат дека треба да бидете внимателни со тоа, а Рис истакнува дека кашите се добри бидејќи може да ги носи секаде со себе, па наместо овошни колачи јаде здраво пире од јагоди и банана.